5.8 C
Skopje
петок, 3 октомври 2025

Неверојатно, но вистинито: Екс српски репрезентативец потпиша за најпознатиот хрватски третолигаш

Загребскиот клуб Кустошија стана познат не само во регионот, туку и во европски рамки. Тоа е третолигаш од Хрватска на чие чело застана хрватскиот менаџер Енди Бара и успеа да реализира неколку нестварни трансфери.

Еден од трансферите беше и тој на Ловро Челфи, играч кој од Кустошија направи трансфер во Барселона. Кустошија од тој трансфер беше 300.000 евра, а сумата може да достигне до два милиони евра.

Менаџерот Бара не мирува и според пишувањата на Фабрицио Романо, во Кустошија пристигна некогашниот српски репрезентативец, Никола Максимовиќ.

Максимовиќ во минатото со успех настапуваше во Наполи и Торино, а негов последен клуб беше Монпелје во Франција. Летово стана слободен играч, а сега потпиша за Кустошија, каде потпиша едногодишен договор. Интересно е дека во 2017 година, Наполи за потписот на Максимовиќ плати трансфер вреден 21 милиони евра.

Искусниот 33-годишен дефанзивец има 25 настапи за репрезентацијата на Србија, а сега доаѓа во хрватски третолигаш. Кустошија е на петото место на табелата во трета лига со 11 освоени бодови од шест натпревари.

- Оглас -

Најнови вести