Неверојатно: Обезбедија место на СП 2026, а Трамп реши таа земја да биде на листата за забрана за добивање виза

Четири репрезентации досега имаат обезбедено место на завршницата на Светското фудбалско првенство кое следната година ќе се игра во САД, Канада и Мексико. Домаќините автоматски обезбедија место на Мундијалот, а преку квалификациите, на планетарниот собир се пласираа и репрезентациите на Аргентина, Јапонија, Иран и Нов Зеланд.

Интересно е дека една од овие земји кои обезбедиja место на Мундијалот 2026 се наоѓа на листата на земји коишто имаат забрана за добивање визи. Претседателот Доналд Трамп се фокусираше на миграцијата откако ја презеде функцијата по втор мандат, а неговата влада сега предложи листа од 43 земји за забрана за патување во САД.

Овие земји се поделени во три посебни групи. Во првата од нив, за која би била изречена целосна суспензија на визата, се наоѓа репрезентацијата која веќе се пласира на Мундијалот.

Тоа е Иран, земјата која е во првата група земји за кои е предвидено целосно суспендирање на визите, заедно со Авганистан, Бутан, Куба, Либија, Северна Кореја, Сомалија, Судан, Сирија, Венецуела и Јемен.

Од наведените земји, само Венецуела, која води жестока битка во јужноамериканските квалификации за СП, би можела да биде на Мундијалот, каде што веќе е Иран.

Во случајот со Иран, ФИФА би морала да води сериозни преговори со претседателот Трамп и да ја реши ситуацијата. Вреди да се напомене дека домаќини на Мундијалот покрај САД, се уште и Мексико и Канада, па може да се најде решение Иран да игра во тие земји.

За потсетување, Русија не може да се натпреварува поради суспензијата на ФИФА и УЕФА за нејзината воена агресија против Украина, додека Еритреја е елиминирана и нема пласман бидејќи нема одиграно натпревар од почетокот на 2020 година.

- Оглас -

Најнови вести