Овој крш од телефон го користи фудбалер кој месечно заработува околу 1 милион евра (Видео)

Фудбалерот на Баерн Минхен, Леон Горецка, објави видео на кое им покажува на фановите каков мобилен телефон користи неговиот тимски колега Томас Милер и шокира многумина.

„Што ти е со телефонот?“, праша Горецка.

„Време е за нов“, му одговори Милер.

„Уште ли работи?“, љубопитен беше Горецка.

„Да, но често се загрева батеријата и жешко ми е на раката додека зборувам со некого“, рече Милер, кој или е прескромен или е циција, па не му се даваат пари за нов телефон, коментираат фановите.

- Оглас -

Најнови вести