Неверојатно – Пиротехничко шоу на 40.000 фанови на Галатасарај на тренинг (видео)

Галатасарај утре гостува кај градскиот ривал Бешикташ во дербито од 14. коло во турскиот шампионат. Фудбалерите на турскиот шампион денес го одржаа последниот тренинг пред средбата и тоа на нивниот стадион, а таму ги чекаше спектакл во приредба на нивните најверни фанови.

Повеќе од 40.000 фанови приредија вистинско шоу на „Турк Телеком“ арената.Трибините за момент поцрвенеа, цел стадион се запали за поддршка на Галата.

Дербито е закажано за утре, со почеток од 18 часот.

- Оглас -

Најнови вести