Неверојатно проклетство кое трае со години: Крис Пол има 0-14 во плејоф кога му суди Фостер

Синоќешниот пораз на Феникс санс од Њу Орлеанс можеби и не е толкава сензација ако се знае еден неверојатен податок за проклетство кое го следи плејмејкерот Крис Пол, кој сега игра за Сонцата.

Пол има нереална серија дури од 14 порази по ред на плејоф-мечеви на кои еден од тројцата судии бил Скот Фостер. Ова проклетство на Пол трае речиси цела деценија. Тој менуваше дресови, но проклетството остана, никогаш не победил кога му суди 55-годишниот Фостер.

Ако во Феникс сакаат титула, подобро да се молат веќе да не им суди Фостер.

- Оглас -

Најнови вести