Неверојатен соло гол постигна бразилското чудо од дете Кајки, суперталентираниот тинејџер на Флуминенсе. Кајки има само 17 години, а повеќе медиуми потврдија дека во претстојното лето ќе го оствари трансферот на кариерата и ќе го облече дресот на Манчестер сити.
Кајки ја најави победата на Флуминенсе од 3-1 против Нова Игуачи откако лесно издрибла неколку противнички играчи, влезе во шестнаесетникот и своето шоу го круниса со ефектен гол.
https://twitter.com/goal/status/1381655854269788161