Изненадувачки вести пристигнуваат од Рим, кои велат дека раководството на Рома е подготвено да му врачи отказ на Иван Јуриќ после само 16 дена откако го назначија на местото на Даниеле де Роси.
Јуриќ веќе седеше на клупата на Рома на четири меча, на кои има две победи и по едно реми и пораз. Сепак, раководството на „римската волчица“ смета дека направила грешка со отказот за клупста легенда, Де Роси, па сега сака да го врати назад во клубот.
Како клучен услов за судбината на Јуриќ ќе биде само победата на утрешниот меч против Монца. Доколку хрватот не успее да победи, лесно може да се случи веќе в понеделник да си замине од Рим.