Од Русија дојде една необична вест, фудбалскиот суперлигашки клуб Крилја Совјетов од Самара потпиша доживотен договор со 75-годишниот Валеријан Панфилов.
Тој веќе тренира и ќе патува со тимот за утрешниот натпревар на гости против Рубин Казањ во 11-тото коло од руската Премиер лига. Симболично, Панфилов го доби дресот со број 75.
Панфилов е легенда на Крилја Советов, дебитираше за првиот тим на 18-годишна возраст и одигра 413 натпревари и постигна 49 гола, првиот пред 55 години.
Моментно е член на одборот на директори и го води одделот за ветерани на Крилја Советов. Панфилов во далечната 1979 година играше и за репрезентацијата на некогашниот СССР, а за своите настапи ја доби титулата мајстор на спортот.