Напаѓачот на Реал Мадрид, Килиjан Мбапе, се здоби со повреда во победата на тимот од 2-3 против Аталанта во Лигата на шампионите. Французинот беше заменет принудно во првото полувреме, а денеска ќе ги мине медицински тестови за да се утврди сериозноста на повредата, иако Карло Анчелоти најави дека не е премногу сериозно.
Неверојатен е податокот дека од почетокот на сезоната, само седуммина фудбалери во составот на Карло Анчелоти не доживеале повреда. Тоа се: Федерико Валверде, Лука Модриќ, Фран Гарсија, Антонио Удигер, Арда Ѓулер, Ендрик и Андриј Лунин.
Винисиус јуниор се врати по повреда и постигна гол, но тој не е единствениот кој страдаше оваа сезона. Во моментов, поради повреди, тимот не може да смета на Давид Алаба, Едуардо Камавинга, Даниел Карвахал, Едер Милитао и Ферлан Менди.
Ситуацијата со повредите значително ја отежнува работата на тренерот Карло Анчелоти, кој мора да се справува со големи проблеми при составувањето на тимот, но Реал Мадрид продолжува да се бори за трофеи во сите натпревари.