Еден од најдобрите боксери на сите времиња, Мајк Тајсон, откри дека одработил интервју со серискиот убиец Дејл Хауснер, кој му се претставил како новинар.
Тоа се случило во Феникс, кога бил активен боксер и во моменти кога се подготвувал за меч. Додека бил во сала за кревање товар, му пришол Хауснер кој убил осум лица, му се претставил како новинар.
„Ми рекоа дека во салата ќе пристигне новинар за да направиме интервју. Разговаравме, а тој беше нормален“, открива Тајсон.
Но, само два дена подоцна, на тренинг му се појавиле агенти на федералното истражно биро (ФБИ).
„Два-три дена подоцна, додека тренирав, во салата се појавија полицајци, а местото беше опкружено со специјалци. Во тие моменти се запрашав да не сум фатил некого за задникот претходниот ден. Кога излегов надвор, ми објаснија со кого всушност сум зборувал. Ми покажаа фотографија која се појавила на неговиот портал, а јас им реков дека ја промовирав борбата и дека се извинувам ако некого сум навредил или сум напавил нешто погрешно. Полицаецот ми рече дека не сум сторил ништо погрешно, ми рече дека сум му се допаднал, но не му се допаднале осумте луше кои ги убил и 28-те кон пукал“, открива Тајсон.
Дејл Хаусен подоцна бил уапсен и осуден на смртна казна.