Неверојатно што промаши Грузија, па оваа репрезентација остана во друштво на Македонија (Видео)

Репрезентацијата на Грузија денеска се израдува на историскиот прв бод на едно големо натпреварување. Дебитантот на континенталните собири одигра 1:1 против Чешка и се израдува на првиот бод на ЕП.

Радоста на Грузија можеше да биде многу поголема, ако Саба Лобјанидзе ја искористеше шансата што ја имаше буквално во последната секунда од мечот. Дури тројца фудбалери на Грузија тргнаа во напад, а во одбраната на Чешка имаше само еден играч.

Топката дојде до Лобјанидзе кој беше во шеснаесетникот сам пред голманот на Чешка. Можеше да одбере каде да шутира за да ја затресе мрежата и да донесе победа на Грузија, но Лобјанидзе шутираше високо, над голот и шансата пропадна. Веднаш по шутот, главниот судија отсвири крај на средбата.

По ова реми, Грузија остана во друштво на земјите кои немаат победа во историјата на ЕП. Таму е Македонија која пред три години ги загуби сите три меча во групната фаза, а во ова друштво се наоѓаат уште и репрезентациите на Летонија и Словенија.

Saba Lobjanidze’s miss against Czechia to win 90+5′
byu/bosebosebosebosebos inMLS

- Оглас -

Најнови вести