35.8 C
Skopje
понеделник, 14 јули 2025

Неверојатно: Сити на Божиќ не беше ниту во топ 4, а на крајот доминантно стигна до титулата во Премиер лигата

Манчестер сити по една сезона пауза, повторно е шампион на Англија, а речиси никој не веруваше дека тимот на Пеп Гвардиола ќе ја освои титулата според пласманот на табелата на католички Божиќ.

Граѓаните се наоѓаа на осмото место со осум бода заостаток зад тогашниот лидер Ливерпул по првата половина од сезоната, а на крајот на доминантен начин стигнаа до петтата премиерлигашка титула во последните девет години.

Досега ниеден клуб не бил шампион во Премиер лигата, а притоа имал осум бода заостаток на големиот католички празник. Ако се смета целата историја на најелитното англиско натпреварување, само Ливерпул во сезоната 1981/82 од 12-тото место на Божиќ, стигна до титулата по крајот на сезоната.

- Оглас -

Најнови вести