Неверојатно висока квота нуди прогнозерскиот тикет

Со преостанатите осум парови  може да се состави тикет со неверојатна квота 945.72 според приложените прогнози на 2.145 прогнозери кои учествуваа во 25-тото коло на Спортска прогноза.

Недела е ден наменет за дерби-натпревари, а токму во овој тикет има четири топ-средби на кои тешко е да се предвиди исходот, па затоа се потпираме на прогнозите на учесниците. Над 51% типуваа двојка во холандското дерби меѓу ПСВ и Ајакс, односно 43,08% типуваа дека Челзи ќе го надигра Манчестер јунајтед во Лондон.

Според процентите на типување, прогнозерите наидоа на тешка дилема во средбата меѓу Рома и Милан, а за нијанса, односно 34,45% од прогнозерите веруваат на Волчицата дека ќе го одбрани „Олимпико“.

Марсеј дби нов тренер во Хорхе Сампаоли во пресрет на дербито против Лион, домаќините не се во добра форма, па затоа најубедлива двојка тука е во корист на Лавовите.

Првиот натпревар почнува во 13 часот, тоа е дуелот од Премиер лигата меѓу Лестер и Арсенал, па затоа доколку сакате да го искористите веќе составениот тикет, ќе треба да побрзате.

1007 Лестер – Арсенал 1 (2.55)

1639 ПСВ Ајндховен – Ајакс 2 (2.05)

3006 Кротоне – Калјари 2 (2.20)

3008 Удинезе – Фиорентина X (3.15)

1009 Челзи – Манчестер јунајтед 1 (2.35)

3010 Рома – Милан 1 (2.47)

2835 Марсеј – Лион 2 (1.75)

1310 Вилјареал – Атлетико Мадрид 2 (2.57)

 

- Оглас -

Најнови вести