Го пропушти Мундијалот и само што се врати на терен, пак се повреди: Нека заврши што побрзо 2022 година (Фото+Видео)

Ријс Џејмс пак се повреди, но за среќа и за него и за Челзи, паузата по сè изгледа нема да биде долга, иако и тој и сите во клубот стравуваа од такво сценарио.

Само што се врати на теренот по повредата на коленото, Џејмс по 53 минути игра мораше да го напушти теренот на „Стемфорд бриџ“, вчера против Борнмут.

Англискиот репрезентативец видливо поткривнуваше, што беше сигнал за нова повреда, која за среќа не е тешка.

Од Челзи потврдија дека повторно се работи за повреда на истото колено, поради која Џејмс не играше за Англија на Мундијалот во Катар.

„Имав многу лоши моменти во оваа година и сакам конечно што побрзо да заврши 2022“, изјави Џејмс.

Се најавува дека за 3-4 недели Џејмс пак ќе може да конкурира за место во првата постава на Челзи.

Тој не играше на Мундијалот во Катар за Англија поради повредата на коленото.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести