Голем скандал предизвикал вршителот на должноста амбасадор на Катар, шеикот Јасим Бин Хамад Ал-Тани, откако незадоволен од сугестијата на тренерите во фудбалската Академија на Вардар дека неговиот син треба да игра многу подобро, ги нападнал физички.
Ал-Тани со себе носел и метална шипка, а еден од тренерите во Академијата на Вардар е повреден откако добил неколку удари во главата од шеикот од Катар.
Невиден резил… В.Д. Амбасадорот @QatarEmb_Skopje ги напаѓа тренерите на Академија Вардар со метална шипка затоа што го искарале неговиот син на тренинг. Еден од тренерите е со повреди на главата! @Bujar_O планираш да реагираш?! pic.twitter.com/teadcg043x
— Charles Boycott (@JohnnyParka) June 30, 2022