Екипите на Скопје и Гевгелија не сакаа да победат на денешниот меч од Купот на Македонија во ракомет за жени, па намерно си даваа автоголови во финишот. На крај победи Гевгелија со 17-16, а се радуваше противникот со кој со ова го избегна фаворитот Ѓорче Петров.
Бруката која фрла темна дамка врз женскиот ракомет во Македонија, кулминираше во последните секунди кога домашниот тим при 16-16 си даде гол со кој загуби и ја оствари целта, но нема да го избришат срамниот однос.
Судиите прво го прекинаа натпреварот, но по консултација со делегат дозволија истиот да заврши.
Министерот за спорт, Борко Ристовски, во вечерашното гостување на ТВ Сител изјави дека в понеделник на двете екипи ќе им бидат одземени лиценците за занимавање со дејност спорт.