Невидена бруталност на терен, фудбалер доби отказ откако со лакт нокаутира противник (Видео)

Во тајландската трета лига, еден фудбалер доби отказ од клубот Бангкок откако со потег кој се гледа во тајландски бокс, нокаутира противнички играч.

Аитсарет Ноичаибон беше во дуел со Супасан Руангсупанимит од тимот на Северен Бангкок и играчот на Северен Бангкок малку и неспортски го поткачи противникот. Овој ги загуби нервите, се затрча кон Супасан и со лакт го удри во пределот на лицето.

Информациите од клубот Северен Бангкок се дека раната во горната усна на удрениот фудбалер била сошиена со 24 копчиња.

 

- Оглас -

Најнови вести