Изминаа 13 натпревари во Премиер лигата, а Ливерпул е тимот кој засега покажува дека ја заслужува титулата. Се чини дека оваа година навистина е нивна конечно да го прекинат тридеценискиот пост и да бидат прогласени за најдобри во Англија. Екипата на Јирген Клоп е на добар пат да го оствари тоа бидејќи со 12 победи и само едно реми во 13 меча, Црвените се апсолутни лидери со 37 од максимални 39 бода.
Колку всушност европскиот првак доминира во шампионатот, покажува следната статистика. Имено, Ливерпул има два бода повеќе од двата таканаречени конкуренти Арсенал и Манчестер јунајтед. Топчиите се осми на табелата со 18 бода, Црвените ѓаволи имаат еден бод помалку, а вкупно двете екипи бројат 35 бода, или два помалку од гигантот од „Енфилд“.
Сето ова се случува во ноември, точно по една третина од првенството, а дури и сега Ливерпул е недостижен за неговите ривали со 20, односно 19 бода разлика, на кои сега примарна цел им е пласман во топ 4 во Премиер лигата.
Во однос на останатите ривали, Ливерпул има девет бода повеќе од шампионот Манчестер сити (28), 11 повеќе од Челзи (26), односно 20 повеќе од Тотенхем (17).