Невидена доминација на Јокиќ, направи трипл-дабл со кого ги надмина Леброн и Чемберлен (Видео)

Денвер нагетс го победи Голден стејт вориорс со 119-103 во натпревар од НБА-лигата, на кој Никола Јокиќ направи трипл-дабл со кој испиша историја.

Воините средбата ја почнаа со предност од 15-0, но подоцна гостите имаа две серии од по 14-0 и дојдоа до победата во дуелот на последните два шампиони во НБА.

Јокиќ имаше 32 поени и по 16 скокови и асистенции. Ова е трети пат во кариерата на Јокиќ да има трипл-дабл барем со 30 поени и 15 скока и асистенции, надминувајќи го Вилт Чемберлен, кој само двапати имал таков трипл-дабл. Повеќе такви трипл-дабли од Јокиќ во историјата на лигата имал само Оскар Робертсон (11).

Освен тоа, Јокиќ го надмина Леброн Џејмс на вечната листа по бројот на направени трипл-дабли во кариерата (Србинот има одиграно 1.034 меча помалку од првиот стрелец во историјата на НБА). Јокиќ има вкупно 139 трипл-дабли во НБА ако се сметаат и мечевите во плејоф.

- Оглас -

Најнови вести