Невидена драма на „Паркен“ – Црвена ѕвезда по луда пенал-серија го елиминира Копенхаген

Невидена пенал-серија се случуваше вечерва на „Паркен“ во Копенхаген, а Црвена ѕвезда успеа во долгата фудбалска ноќ во Данска да го елиминира Копенхаген.

Се изведоа дури 22 пенали, а јунак на мечот беше голманот на белграѓани Милан Борјан, кој успеа да им одбрани дури 4 пенали на домаќините. Постигна и гол од белата точка, а еднаш утна Фишер.

Клучниот пенал што Борјан го одбрани беше вториот што го изведе Винд, а радоста на гостите беше голема. Подвигот е уште позначаен ако се знае дека Црвена ѕвезда долго играше со фудбалер помалку по исклучувањето на Милуновиќ во 54-тата минута.

Издржаа до крајот на регуларниот дел на мечот, кој заврши 1:1, исто како и првиот меч во Белград. Копенхаген имаше доста шанси, но не успеа, а во 112-тата минута и домаќините останаа со 10-мина играчи, откако црвен картон доби и Мас. И по продолженијата од двапати по 15 минути остана 1:1, па се шутираа пенали.

Имаше и големи утки на двете страни, а дури во 12-тата серија беше одлучен победникот. Панков погоди за гостите, Винд утна и Црвена ѕвезда ќе игра со Јанг бојс за пласман во Лигата на шампионите.

Претходно, Краснодар приреди изненадување и со победа против Порто на гости со 3:2 успеа да го елиминира фаворитот, по поразот дома со 0:1.

- Оглас -

Најнови вести