26.8 C
Skopje
петок, 18 јули 2025

Невидена драма на женското ЕП: Шведска испадна иако голманката одбрани четири пенали

Женската фудбалска репрезентацијата на Англија се пласира во полуфиналето на Европското првенство откако по голема драма и по подобро изведување на пенали ја победи Шведска.

Во регуларниот дел, Шведска водеше со 2:0 по првото полувреме, а тој резултат беше активен до 79-тата минута. Потоа Англичанките со два гола само за три минути стигнаа до 2:2 и се изборија за продолженија, во кои немаше голови, па мораше да се шутираат пенали.

Голманката на Шведска, Џенифер Фалк, успеа да одбрани дури четири пенали, но и тоа не беше доволно за нејзината селекција да се пласира во полуфиналето. По четири серии, Шведска водеше со 2:1, а самата Фалк имаше шанса да го одведе својот тим во полуфиналето, но промаши пенал за победа.

Потоа двете селекции промашуваа во шестата серија, а решавачка беше седмата серија, кога Англичанките постигнаа гол, а Шведска повторно не реализираше од белата точка.

- Оглас -

Најнови вести