Неверојатна грешка се случи на јуниорското Светско првенство во кошарка, а трагичарот е најдобриот камерунски играч.
На 46,8 секунди до крајот на мечот со Австралија, Камерун имаше добитна ситуација, водеше со шест поени разлика и требаше да почне напад со уфрлање од под нивниот кош.
Центарот Амаду Сеини кој имаше 15 поени и дури 24 скока, ја зеде топката и ја заби во кошот. Но, проблемот е заби во погрешниот кош. Сите беа збунети и шокирани, а судиите доделија два поени за Австралија и напад на Кенгурите. Тие го искористија подарокот за да изедначат до крајот на регуларниот дел, а по две продолженија успеаја и да го победа Камерун.