Невидена голманска глупост, овој кикс на Хрватот во 95-тата минута е за во затвор! (Видео)

Сме се изнагледале секакви голмански киксеви, но оваа глупост на 35-годишниот Хрват Ведран Јањетовиќ ги надминува границите на нормалата.

Тука не е немање среќа или примен кикс гол, туку непотребно играње со топката, кое придонесе тимот да се доведе во ситуација да не победи во речиси веќе добиен меч.

Вестерн Сиднеј, за кого брани Јањетовиќ, до 25 секунди пред крајот водеше 2-1, а екипата на Бризбејн ја шутна топката која одеше кон гол-аут. Наместо да ја остави топката да излезе, голманот непотребно ја допре и таа отиде во корнер. Се разбира, по корнерот, дојде жестоката казна за Хрватот и неговиот тим.

Погледнете:

https://twitter.com/i/status/1572011457025294337

- Оглас -

Најнови вести