25.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Невидена лудница во англискиот Чемпионшип, во последното коло пола лига игра за нешто

Од 13.30 часот се спушта завесата на лигашкиот дел на Чемпионшип, второто по квалитет натпреварување во Англија, а овие 12 меча ќе дадат одговори на многу отворени прашања во пресрет на последната рунда.

Оваа сезона се одиграа дури 540 натпревари, а има многу непознаници и во последниот ден од сезоната ќе се решава, речиси половина од тимовите во лигата играат за нешто.

Познато е дека тимовите што одат директно во Премиер лига се Лидс и Барнли, но останува да се види кој ќе биде шампион. Тимот од Јоркшир има подобра гол-разлика и ако победи во Плимут ќе заврши пред Барнли кој го пречекува Милвол.

Третиот и четвртиот се познати, ќе стартуваат од подобри позиции во полуфиналето од плејофот, тоа се Шефилд јунајтед и Сандерленд. Но затоа има вистинска возбуда за преостанатите две места во баражите.

Бристол сити е петти, и ќе остане таму со победа против Престон. Ковентри е на шестото место, последното кои носи плејоф, а ги чека директен дуел со Милдсброу кој е деветти, но има само два бода помалку од Ковентри.

Блекбурн се надева дека Ковентри и Милвол нема да победат, и би профитирале со триумф против Шефилд јунајтед.

Драма е и во битката за опстанок. Кардиф е единствениот што веќе испадна, Плимут практично им се придружи, па се бара третиот патник во понизок ранг.

Хал е во зоната за испаѓање, има 48 бода, еден помалку од Лутон, Престон и Дерби, 49, а математички не е сигурен ни Стоук кој има 50 бодови.

Има многу комбинации, тимови на кои им се потребни бодови и имаат поголеми мотиви, но во Англија ништо не се знае однапред, бидете подготвени на сè.

 

- Оглас -

Најнови вести