25.8 C
Skopje
понеделник, 21 јули 2025

Невидена неправда: Двајца соиграчи се сопнаа еден со друг, а судијата досуди пенал (Видео)

Еден судија донесе неверојатно погрешна одлука на меч од регионална лига во младинска категорија, а погрешно досудениот пенал многумина го нарекоа еден од најскандалозните пенали во историјата на фудбалот.

Двајца млади играчи на Депортиво Ла Коруња се судрија еден со друг и паднаа во противничкиот 16-ник, а судијата покажа на белата точка. Залудни беа оправданите протести на играчите на Естраденсе, кои водеа со 2-0, а на крај средбата заврши 2-2.

Момчињата од Ла Коруња не покажаа ферплеј, не признаа дека нема пенал, можеа и намерно да го утнат пеналот, но не го направија тоа.

По ова, можеби Шпанците ќе размислат за воведување на ВАР и во пониските лиги и за мечевите од младинските категории. Вакви грешки не смее да има.

https://twitter.com/i/status/1576542518203801603

- Оглас -

Најнови вести