Некогаш големиот Динамо Букурешт е елиминиран од романскиот Kуп, и тоа во осминафиналето од третолигашот Мјеркуреја Чук со 9-8 на пенали, откако по продолженијата средбата заврши 3-3, а во регуларните 90 минути беше 2-2.
Пенал-серијата беше посебна приказна. Во петтата серија, Динамо имаше шут за победа, но Грозав сакаше да испадне мангуп и со „паненка“ да го матира противничкиот голман, но испадна смешен бидејќи топката заврши половина метар преку голот.
Последниот шут за Динамо беше непрецизен и домашните почнаа да се радуваат. Но, по 3-4 минути, судијата го врати пеналот бидејќи голманот Бордаш (Унгарец, а и не е чудно, бидејќи клубот Чук го спонзорира унгарската влада) излетал предвреме. Но, и повторениот пенал не беше реализиран. Голманот Бордаш гледаше во судијата и чекаше да види дали повторно ќе му ја поништи одбраната. Овојпат славјето можеше да почне.
Динамо од сезоната 1972/73 наваму не испаднал во осминафиналето и сега тренерот најави дека ќе игра со младинци бидејќи нема полза од искусните.
Погледнете ги сите голови и пенал-серијата:
https://www.youtube.com/watch?time_continue=259&v=nqOhC1swMIU