За време на мечот Гремио – Коринтијанс од бразилската Серија А, спортскиот директор на гостите имаше обид за насилно влегување во ВАР-собата и пресметка со судиите кои се таму.
Во осмата минута од овој меч, на играч на Коринтијанс му беше покажан црвен картон, и тоа по прегледување на снимка откако судијата на теренот прво покажа жолт. Фаулот може да го погледнете ТУКА и се чини дека црвениот картон е сосема заслужен. Претходно гостите од Сао Пауло бараа пенал кој не беше досуден.
Ова толку го налути директорот Алесандро Нунес, што реши да влезе во ВАР-собата. Луѓето од обезбедувањето спречија поголем инцидент и ги одвратија збеснатите претставници на Коринтијанс од нивните намери.
After being denied a penalty and having a man sent off after just 8 minutes away at Gremio, Corinthians' Director of Football Alessandro Nunes tried to storm the VAR room in the stadium.
— HLTCO (@HLTCO) November 14, 2023