Невидено – даде гол за 3:3 во 95 минута, па одбрани пенал (Видео)

Фудбалерот на Честерфилд, Вил Еванс, завчера направи нешто што ретко се гледа на терените, а можеби се случи и и првпат во историјата. На натпреварот од националната лига на Англија (петта лига по квалитет) помеѓу Честерфилд и Ебсфлид, гостите водеа со 3:0, но не победија, а главен виновник за тоа е Еванс.

Во 95 минута, Еванс даде гол за изедначување на 3-3. Во наредната минута, беше досуден пенал за гостите, а голманот на Честерфилд, Калум Бартон, доби црвен картон. Бидејќи веќе беа направени три измени, мораше некој фудбалер да застане на голот да го брани пеналот. Еванс беше доброволец, и со убава парада успеа да го одбрани пеналот, предизвикувајќи голема радост на трибините на кои имаше нешто над 4.000 публика. Пеналот го утна Мајкл Чик, играч кој во 21 минита погоди од белата точка кога голот беше вистински голман.

Честерфилд се бори за опстанок, се наоѓа на 22 место во лигата со 24 тима, и освоениот бод може да им биде многу значаен, а Еванс дефинитивно е најпопуларен играч деновиве.

Ова се голот за 3-3 и одбранетиот пенал во 99 минута:

- Оглас -

Најнови вести