Невидено: Фудбалер организирал лажно киднапирање во последниот меч од кариерата (видео)

Е, вака се завршува кариера. Аматерски фудбалер од третата лига на Сицилија, Игнацио Барбагаљо, на досега невиден начин се пензионираше од фудбалот.

Барбагаљо огранизирал хеликоптер во кој се наоѓале маскирани лица да слетаат на терен на сред натпревар и да го „киднапираат“, за сите да го запаметат неговиот последен меч во кариерата.

При неговото влегување во игра како замена во 85-тата минута, хеликоптерот слета на сред терен и од него излегоа маскирани лица кои со сила го одведоа во непознат правец. Присутните прво не знаеле што навистина се случува, па на крајот сфатија дека ова е само шега, а Барбагаљо бил познат шегаџија во својот тим, Сита ди Виагранде.

Сепак, тој не избегна казна. Имено, Барбагаљо е казнет со 200 евра поради оваа егзибиција и не смее да игра фудбал до крајот на следниот месец. Исто така, тој е суспендиран на една година поради напуштање на теренот без дозвола од главниот арбитер употребувајќи непријавено летало. Но, се чини дека не му е грижа за овие казни бидејќи Барбагаљо ја заврши кариерата на сензационален начин.

 

- Оглас -

Најнови вести