Невидено – голманка со два гола за победа, Пенезиќ во шок (Видео)

Голманката на унгарскиот Ваци, Бразилката Барбара Аренхарт, направи подвиг каков што многу ретко се гледа на ракометните терени. Таа со шут од гол на гол му донесе победа на својот тим, а 30-тина секунди пред тоа, погоди и за изедначување. Пред да го даде победничкиот гол во последна секунда, таа фати „жива“ топка по шутот на некогашната вардарка Андреа Пенезиќ.

Победата на Ваци над Шиофок од 25-24 уште долго ќе се раскажува во Унгарија.

Екипата на Шиофок во последните 30 секунди на натпреварот водеше со 24-23, имаше напад, но погреши Татјана Хмирова (екс членка на Вардар) ризичната игра без голман беше казнета од Барбара, која погоди од гол на гол за изедначување. На петнаесет секунди до крајот, тренерот на Шиофок побара тајмаут и реши и во последниот напад да игра без голман. Имаше четири секунди до крајот, Пенезиќ сакаше да биде јунак и брзо шутна, но право во рацете на Аренхарт. Таа имаше време да фати залет и со прецизен шут да ја затресе мрежата на празниот гол на спротивната страна за голема радост.

Погледнете ги мајсториите на голманката:

- Оглас -

Најнови вести