12.8 C
Skopje
петок, 24 октомври 2025

Грузиец прво го соблече дресот, па даде гол (Видео)

Грузискиот фудбалер Торнике Ахвледијани направи несекојдневен потег со којшто го привлече вниманието на социјалните мрежи.

Тој постигна гол и доби жолт картон за прославата со соблекување дрес, но необичното е што играчот на Самтредија картонот го доби пред да го постигне голот. Тој го мина противничкиот голман и излезе сам пред голот на екипата на Дила Гори, беше убеден дека ќе ја затресе мрежата, па реши да прослави со соблекување на дресот, а дури потоа ја смести топката во гол.

За оваа провокација, која многумина ја сметаат за понижување на противникот, Торнике доби жолт картон.

https://twitter.com/i/status/1698066535296741429

- Оглас -

Најнови вести