Неверојатна тепачка се случи во руската аматерска московска ватерполо лига. Ватерполото важи за еден од најгрубите и „највалканите“ спортови, но тоа што се случи на еден меч во Москва е неверојатно.
Најпрво еден од тренерите вербално нападна еден од противничките играчи. Ниту играчот кој беше во базенот не му остана должен, па започнаа вербална расправија, а во еден момент ватерполистот ја зема топката и се обиде да го удри тренерот кој беше покрај базенот.
Во тој момент на тренерот му падна мрак пред очи и се одлучи на еден неверојатен потег. Скокна директно врз главата на ватерполистит. Настана мешаница, а тренерот доби и бокс во лицето. За среќа, никој посериозно не беше повреден во овој инцидент.