8.8 C
Skopje
петок, 20 февруари 2026

Невидено во историјата на фудбалот: Тргна да шутне пенал, а судијата досуди индиректен удар (Видео)

На натпреварот помеѓу Рочдејл и Сканторп од Национаојата лига во Англија (петта по ранг), кој заврши 1-1, имаше една ситуација која никогаш порано не беше видена во историјата на фудбалот.

Рочдејл требаше да изведе пенал. Емануел Дизеруве се залета, но наместо да ја шутне топката, тој само сврте круг околу неа и се врати назад за повторно да земе залет. Но, веднаш реагираа од противничката екипа, голманот на Сканторп, Рори Махади, ја зеде топката и судијата досуди индиректен удар за Сканторп, оставајќи ги во шок фудбалерите и фановите на Рочдејл.

Според правилата, лажно играње е дозволено во пресрет на изведување на пенал. Но, на играчите не им е дозволено целосно да застанат без да ја шутнат топката.

Некои навивачи сугерираа дека на Дизеруве требало да му биде дозволено повторно да го шутне пеналот. Но, правилата наведуваат дека повторно изведување е дозволено само ако пеналот е изведен, па поништен.

Unusual occurrence in Rochdale vs Scunthorpe in the National League – Dieseruvwe (Rochdale) feints penalty kick, referee awards indirect free kick to Scunthorpe
byu/fskari insoccer

- Оглас -

Најнови вести