„Невидливиот“ Медфорд од МЗТ е прв асистент во АБА 2

Кога би ги прашале навивачите на МЗТ Скопје Аеродром кој од четворицата странци им остави најскромен учинок, веројатно би рекле плејмејкерот Лестер Медфорд, но Американецот со девет асистенции е најдобар додавач во првото коло на втората АБА-лига.

Џејмс Вудард и Андрија Бојиќ беа најкорисни и најефикасни, а Медфорд делуваше некако од сенка, но добро си ја заврши работата со 10 поени, 9 асистенци и 6 скока, а изнуди и пет фаули.

Српскиот центар Бојиќ, кој издржа машки и играше најмногу (на наредните средби минутажата ќе ја дели со Љубомир Младеновски), постигна 22 поени и со тоа беше трети стрелец во лигата по првата рунда. Доколку дадеше уште еден кош од игра, Бојиќ ќе беше прв поентер.

Дамјан Стојановски погоди три тројки од четири обиди, две двојки од три обиди, и со тие 71,4 отсто реализација на шут од поле, си заслужи место во топ-3 на табелата на најпрецизни играчи според процентот на реализација. Во оваа статистичка категорија, прв е Мајкл Кобинс од Сплит, кој на мечот со Вршац шутна пет пати и погоди во сите обиди.

- Оглас -

Најнови вести