Легендарниот англиски фудбалер, Гери Невил, е разочаран од одлуката на Фудбалскиот сојуз на неговата земја да го назначи Томас Тухел за селектор на репрезентацијата. Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед вели дека има многу подобри англиски тренери отколку Германецот.
„Мислам дека си правиме штета самите на себеси. Мислам дека има Англичани кои се подобри од Тухел за селектор. Англиските тренери ја имаат една од најлошите репутации во Европа. Немаме јасен идентитет и не изградивме стил кој ќе биде единствен за нас. Видовме тренери од цела Европа како доаѓаат во Премиер лигата и внесуваат свои стилови во играта. Ние само ги копираме, но по мое мислење, англиските тренери мора да изградат свој идентитет. Мислев дека периодот за именување странци за селектор го оставивме зад нас“, рече Невил.