Невнимателност или намера? Тоти вторпат става „непотребен“ лајк

Франческо Тоти ставил лајк на објавата на Џиџи Буфон во која тој на „Инстаграм“ се фали со победата на Јувентус над Рома во Купот на Италија. Легендарниот играч на Рома со ова ги налути најекстремните фанови на Волчицата и тие веќе почнуваат да се сомневаат дека не станува збор за ненамерна грешка.

Пред извесно време, Тоти стави допаѓање и на објавата и честитката на Кристијан Виери по повод 120-тиот роденден на Лацио, лутиот градски ривал на Рома. Тоти како играч 20 години водеше жестоки борби со омразениот Лацио и затоа многумина се чудеа како омекнал толку брзо. Претходно стави лајк и на објава дека Рома треба да го продаде Алесандро Флоренци.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести