Невообичаен начин за бојкот, решија намерно да ги промашуваат пеналите (Видео)

Дуелот меѓу Депортиво Тахира и Каракас во Купот на Венецуела имаше невообичаен расплет. Натпреварот заврши нерешено 1:1, па мораше да се изведуваат пенали за да се дознае победникот.

Фудбалерите на Каракас беа револтирани од судењето во текот на целиот дуел, па решила да ги бојкотираат изведувањата на пенали. Сите тројца фудбалери на гостинските играчи намерно шутираа надвор од рамките на голот, додека голманот воопшто не сакаше да се обиде да одбрани некој шут на противничките играчи.

На крајот, Депортиво Тахира со 3:0 на пенали продолжи во следната фаза.

- Оглас -

Најнови вести