Невремето го погоди и Манчестер, под знак прашалник е и одигрувањето на мечот Јунајтед – Нотингем (Видео)

Натпреварот помеѓу Ливерпул и Евертон и официјално е одложен, а сега под знак прашалник е одигрувањето на уште еден меч од Премиер лигата. Невремето кое ја зафати Велика Британија, удри и во Манчестер, па неизвесно е одигрувањето на натпреварот помеѓу „црвените ѓаволи“ и Нотингем форест.

Раководството на Манчестер јунајтед е загрижени и во постојана комуникација со властите, кои го имаат последниот збор дали натпреварот ќе се игра или ќе биде одложен. Непосредно пред закажаниот термин ќе биде познато дали фудбалерите на Манчестер јунајтед и Нотингем форест ќе истрчаат на тревникот или и овој меч ќе биде одложен.

- Оглас -

Најнови вести