Невремето донесе дожд од голови во Втората лига, Гостивар се врати на првото место

Гостивар го декласира Караорман со 5:1 во 15. коло во Втората македонска фудбалска лига и се врати на врвот на табелата со 37 бода, еден повеќе од Вардар.

Се играше во тешки услови со силен дожд во одредени секвенци од мечот, а подобро се снајдоа домаќините и славеа убедлива победа.

Исто беше и на дуелот меѓу Воска и Борец во Охрид, и таму цело време врнеше дожд, а имаше и дожд од голови во мрежата на тимот од Велес.

Воска рутински победи со 6:0 и се задржа на третото место со 34 бода, како најава за возбудлива завршница на првиот дел од шампионатот идниот викенд.

Останати резултати, 15. коло: Саса – Пелистер 1:2, Беса – Пехчево 2:0, Беласица – Охрид 1:1, Слога Виница – Детонит 1:2, Тетекс – Арсими 0:2.

Вчера: Вардар – Кожуф 2:0.

 

- Оглас -

Најнови вести