Победата од 2-0 против Слован Братислава, е историска за шпанскиот прволигаш Жирона, бидејќи е прва во европските купови во нивното постоење.
Жирона првпат победи и тоа во елитната Лига на шампиони, а придонес даде и Бојан Миовски кој влезе во игра во 24-та минута и на терен остана до крајот на средбата. Македонецот имаше една зрела шанса, но голманот на словачкиот тим со крајни сили спречи погодок.
Голманот Такач одбрани и пенал кој го изведе Кристијан Стуани, но не можеше да ја спречи победата на Жирона која стана 14-ти шпански клуб кој добил меч во ЛШ.