Тренерот на кошаркарскиот клуб Валенсија, Жоан Пењароjа, незадоволен од судењето на мечот против Подгорица, одлучи да ја земе правдата во свои раце и да се тепа со судиите.
Тимот каде што настапува и нашиот Ненад Димитријевиќ загуби минимално на гостувањето во Подгорица против Будуќност со 71:70 во рамките на Еврокупот. Нено имаше скромен учинок од два поени, една асистенција и два скока, а од другата страна Џејкоб Вајли запиша осум коша и скокови.
Пењароа беше незадоволен од одлуката во последните мигови, кога беше досуден фаул за домаќинот, кој со двете слободни фрлања успеа да дојде до победата.