Само три средби се одиграа утрово во НБА лигата, а во фокусот беше пресметката меѓу Кливленд кавелирс и Милвоки бакс. Кливленд покажа дека доминира на домашен терен и стигна до 15 триумф во 16 средби, откако беше подобар со 124:101. Нестварно делува формата на играчите на Кливленд кои стигнаа до 24 победа во 28 меча.
Уште од самиот почеток домаќините покажаа дека ќе доминираат и поведоа со 21:12, а во втората четвртина имаа и убедливи 20 поени предност (62:42). Не попушти ритамот на домаќините и во третата четвртина, па во последните 12 минути Кливленд влезе со убедливо водство од 27 разлика (103:76) и јасно беше кој ќе победи.
ball. movement. #LetEmKnow pic.twitter.com/mkZxQIEWFO
— Cleveland Cavaliers (@cavs) December 21, 2024
Најефикасен во победничкиот тим беше Донован Мичел со 27 поени, а 16 уфрли Дариус Гарланд. Двоцифрени по бројот на поени беа и Мобли (15), Вејд (15), Џером (13) и Ален (10), што само покажува за тимската игра на Кливленд. Кај Милвоки најрасположен беше Јанис Адетекумбо со 33 поени, 14 скокови и по три асистенции и украдени топки.
Оклахома на гостински терен го победи Мајами со 104:97 и стигна до 11 победа во последните 13 мечеви, што е само потврда дека овој тим е во врвна форма.Џален Вилијамс со 33 поени беше предводник на победничкиот тим, а центарот Хартенштајн доминираше под обрачите и заврши со 13 поени и 18 скокови.
Филаделфија пред своите навивачи се радуваше на победа против Шарлот од 108:98, а очекувано најдобар играч кај 76-ките беше Џоел Ембид со 34 поени.