Незадржливиот Ленард го изрежира првиот пораз на Сан Антонио (видео)

 

Во дуелот против екипата која му ги отвори вратите на НБА-лигата, Кавај Ленард блескаше со двоен учинок од 38 поени и 12 скока и го предводеше тимот на Клиперс со четвртата победа сезонава со конечни 103:97. Сан Антонио немаше одговор за Канџата, кој беше мотивиран да се покаже пред Грег Попович и неколку поранешни соиграчи, па во последната четвртина со 15 реализирани поени од вкупните 38 се погрижи за посакуваниот триумф, а во ефикасниот учинок додаде и четири украдени топки.

Спарс речиси цел меч го бркаа резултатот, а откако Клиперс за првпат поведоа со двоцифрена разлика во последните 12 минути, јасно беше дека тексашката франшиза ќе го претрпи првиот пораз по четири одиграни средби на стартот од сезоната.

Покрај Ленард, ефектни 24 поени запиша Харел, додека 29 поени на Дерозен беа малку за тимот од Сан Антонио.

https://www.youtube.com/watch?v=m5z6cBc7OJY

Во останатите два меча кои се играа ноќеска, Њу Орлеанс пеликанс беа подобри од Денвер нагетс со 122:107, Мајами хит славеше на гостувањето кај Атланта хокс со 106:97.

 

- Оглас -

Најнови вести