Незадржливиот Синер се пласираше во финалето на завршниот терен

Италијанскиот тенисер Јаник Синер на убедлив начин го победи Каспер Руд во второто полуфинале од завршниот Мастерс турнир кој се игра во Торино. Синер немаше милост и со убедливи 6:1, 6:2 го „исчисти“ противникот во меч кој траеше едвај 70 минути.

Со оваа победа синер само потврди дека се наоѓа во одлична форма сезонава. Последна препрека до трофејот на синер ќе му биде Американецот Тејлор Фриц, со кого веќе имаше едно финале и тоа на САД Опен.

 

- Оглас -

Најнови вести