Незамисливо: Џерард ќе биде нов менаџер на Евертон?

Евертон од вчера е во потрага по нов менаџер откако Карло Анчелоти ненадејно си замина и се врати во Реал Мадрид. Карамелите ќе треба за брзо време да најдат нов кормилар, а засега три имиња се на листата потенцијални наследници на италијанскиот стратег.

Едно од нив предизвика шок на Островот, англиските медиуми го најавија Стивен Џерард меѓу главните кандидати за нов предводник на Евертон. Иконата на Ливерпул направи чуда со Ренџерс од Глазгов минатата сезона, во која на доминатен начин и без пораз ја освои титулата во Шкотска.

Многумина во Џерард гледаат иден менаџер на Црвените, сценарио кое би се остварило во случај Јирген Клоп да стави крај на работата на „Енфилд“, но ова е шанса за некогашниот капитен на Ливерпул да направи чекор напред во тренерската кариера и да се проба во Премиер лигата.

Останатите двајца кандидати за нов менаџер на Евертон се експредводникот на Вулверхемптон, Нуно Еспирито Санто, но и Дејвид Мојс, актуелниот кормилар на Вест хем.

- Оглас -

Најнови вести