Индепендиенте дел Валје го прегази Фламенго со 5-0 во меч од Копа Либертадорес, на кој поразениот тим постави неколку неславни рекорди.
Овие 5-0 се најтежок пораз во историјата на еден бразилски тим во дуел со противник од Еквадор, најтежок пораз на Фламенго на меѓународен меч и што е најважно, најубедлив пораз за еден бранител на трофејот во Копа Либертадорес.
Сега во нивната група Индепендиенте има 9 бода од три кола, со гол-разлика 11-0. Има една неверојатна традиција која почна во 2012 година, а тоа е Копа Либертадорес да ја освојува тим од земја од која претходната година бил победникот на Копа Судамерикана. Во минатата сезона Копа Судамерикана ја освои еквадорски тим, токму Индепендиенте, па ако продолжи традицијата, новиот шампион на Либертадорес треба да биде од Еквадор.
Според прикажаното рано утрово против Фламенго, можеби сезонава дојде редот Индепендиенте да стане првак на Јужна Америка:
https://www.youtube.com/watch?v=12D38-FnDzA