Џорџ Расел џабе се радуваше по завршување на трката за Големата награга на Белгија, затоа што победата му е одземена. Возачот на Мерцедес доби дисквалификација откако по завршувањето на трката, на мерењето било констатирано дека неговиот болид е еден и пол килограм полесен. Според правилата на ФИА, минималната тежина на еден болид не смее да биде под 796,5 килограми.
По таа одлука дека Расел има полесен болид, за победник официјално е прогласен Луис Хамилтон кој како второпласиран помина низ стартно-целната линија. Како втор сега е возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, додека трет заврши Шарл Леклер од Ферари.
Актуелниот првак и водечки во генерален пласман Макс Ферстапен на крајот е четвртопласиран. Ферстапен сега има 275 поени, пред второпласираниот ландо Норис со 197 поени.
Heartbreaking… We came in 1.5kg underweight and have been disqualified from the race.
We left it all on the track today and I take pride in crossing the line first.
There will be more to come.🏆💙 pic.twitter.com/6RfucAqPyF
— George Russell (@GeorgeRussell63) July 28, 2024