Незапаметен скандал: Тренерот повреди противнички кошаркар на сред натпревар (Видео)

Голем скандал се случил на финалниот меч од кошаркарскиот Куп на Малта помеѓу екипите на Хибернијанс и Старлајтс. Кошаркарот на Хибернијанс, Дерек Браун, објави видео на социјалните мрежи дека намерно е повреден од страна на противничкиот тренер, Пол Феранте, и тоа на сред меч.

Судиите не забележаа што се случи и немаше никаква реакција од нивна страна, а кошаркарот обвини дека од Кошаркарскиот сојуз на Малта му се заканиле да го избрише видеото, во спротивно ќе биде суспендиран.

Откако Браун не го отстранил видеото од социјалните мрежи, следувала реакцијата на Кошаркарскиот сојуз. Кошаркарот е суспендиран на една година бидејќи го објавил видеото и ги критикувал судиите и Сојузот, додека тренерот кој го направи неспортскиот потег заработи казна од забрана за работа само на 30 дена.

По објавувањето на одлуката, Феранте јавно се извини за потегот што го направи.

- Оглас -

Најнови вести