6.8 C
Skopje
вторник, 27 јануари 2026

Незапаметен трик на Европското првенство: Португалец го прислушкуваше договорот на Норвежаните

Португалија и Норвешка одиграа реми, 35-35, на Европското ракометно првенство, но она што се случуваше во финишот од мечот крена прашина во ракометните кругови.

Норвежаните имаа тајмаут на 37 секунди пред крајот на мечот, а ракометарот на Португалија, Мигел Невеш, одлучи на телефон да го слуша тајмаутот на противникот од директниот пренос.

„Играв три години во Норвешка и девојката ми е Норвежанка, па го зборувам и го разбирам нивниот јазик. Се обидов за да стекнеме предност и да дознаам што се договараат. Така можевме да ја подготвиме нашата одбрана“, рече Невеш.

На крајот Норвешка не успеа да постигне гол и мечот заврши нерешено, а од ЕХФ најавија дека ќе го разгледаат случајот и ќе покренат постапка.

- Оглас -

Најнови вести