Незапамтено славје во Истанбул за гол во 90 минута (Видео)

Турција доминираше против Албанија, но дури во 90 минута го скрши отпорот на гостинот. Домаќините имаа 61 отсто посед на топка, упатија 18 удари, но дури со последниот, во 90 минута стигнаа до посакуваната победа.

Напаѓачот на Евертон, Тосун, е херојот на Турција. Тој одлично се снајде и го искористи киксот на гостите во последната минута од мечот, за делириум на трибините на стадионот, но и на теренот.

Ова е втор меч во низа на домашен терен, Турција со погодок во последните моменти да стигне до победа. Претходно, минимално со 1:0 беше победена Андора. Погодокот тогаш беше во 90+2 минута. Сега против Албанија голот беше во рамките на регуларните 90 минути, а погледнете како се радуваа домаќините, кои со овие три бода се речиси сигурни патници на завршницата на континенталниот собир.

 

- Оглас -

Најнови вести